[ВИДЕО/ФОТО] За малку ќе останеше без око: Хорор повреда на полска олимпијка на ОИ, лицето ѝ било облеано со крв

Точка

21/02/2026

12:18

794

Големина на фонт

а а а

Полската репрезентативка Камила Селиер доживеа тешка повреда за време на трката во брзо лизгање на 1.500 метри на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.

Несреќата се случила кога Селиер изгубила рамнотежа и паднала на патеката. Во тој момент лизгачката која се наоѓала пред неа, движејќи се со голема брзина, ја закачила со лизгалката по лицето. Острилото завршило само сантиметар под окото, а нејзиното лице веднаш било облеано со крв. Како тоа да не било доволно, Селиер потоа силно удрила и во заштитниот ѕид, што дополнително ја усложнило ситуацијата.

Медицинската служба без одложување влегла на лизгалиштето за да ѝ укаже прва помош и да го запре крварењето. Натпреварот бил привремено прекинат додека организаторите и медицинскиот персонал го обезбедувале просторот и ѝ помагале на повредената лизгачка.


Според првичните информации, вистинска среќа е што лизгалката не го зафатила окото. Сепак, постои сомнеж за скршеница на коска на лицето, а точната дијагноза ќе биде позната по деталните прегледи и рендгенски снимки.