[ВИДЕО] Австралиска водителка пијана се вклучи од Игрите: Луѓето останаа во шок кога видоа што прави во програма во живо

Точка

19/02/2026

16:58

917

Големина на фонт

а а а

Австралиска репортерка од Зимските олимписки игри стана светски хит по вклучувањето во утринската програма на својата матична телевизија.

Гледачите на австралискиот „Channel 9“ останаа затечени од необичното јавување од Милано и Кортина, каде што се одржуваат Зимските олимписки игри.

Репортерката Даника Мејсон имаше многу необично вклучување, по кое на многумина им стана јасно дека нешто не е во ред.

Зборуваше забавено, речениците ѝ немаа многу смисла, а насмевката не ѝ исчезнуваше од лицето.

„Буквално, цената на кафето овде е навистина во ред, повеќе треба да се навикнеме на цената на кафето во САД. Не сум сигурна за игуаните, каде одиме со тоа?“, рече Даника, надоврзувајќи се на претходна шега од студиото, каде водителот ја спореди со смрзната игуана, пренесе „Dnevnik.hr“.

Потоа се обиде да каже нешто за една спортистка – се претпоставува дека станува збор за Микаела Шифрин – но имаше проблеми со дикцијата.

Заврши и во снегот

Како што пренесуваат одредени медиуми, нејзиното вклучување завршило со валкање во снег и правење „снежни ангели“.

Реакциите брзо ги преплавија социјалните мрежи. Додека едни нејзиниот настап го оценија како симпатичен, други коментираа дека маж во иста ситуација веројатно веднаш би добил отказ.

Даника набрзо се извини, и тоа веќе во следното вклучување.

„И луѓе, само пред да завршиме, би сакала да одвојам момент, ако е во ред, да се извинам. Исто така сакам да им се заблагодарам на сите што ми се јавија. Добро сум. Веројатно само малку ми е срам“, рече таа, па продолжи:

„Гледајте, целосно погрешно ја проценив ситуацијата. Не требаше да испијам пијалак. Особено не во вакви услови — студено е, на голема надморска височина сме. Не помогна ни тоа што не вечерав.

Но сакам да преземам целосна одговорност. Тоа не е стандард што си го поставувам. Затоа искрено велам – жал ми е.“

Даника во меѓувреме доби поддршка од австралискиот премиер, а според достапните информации, нема да сноси никакви казни.