Замислете се себеси како навивате од трибините опкружени со неверојатната енергија на илјадници страсни навивачи, адреналин што се чувствува во воздухот и уникатно искуство што се памети цел живот. Ако некогаш сте сонувале да бидете дел од најпрестижниот светски фудбалски настан, шансите да го остварите вашиот сон се тука.
Пазарувајте со Visa НЛБ картичките и учествувајте во наградната игра на НЛБ Банка и Visa - „Навивај во живо на FIFA World Cup 26™“. Само една трансакција од минимум 500 денари може да ве однесе на најголемата фудбалска сцена во светот.
До 20 март 2026 година, љубителите на фудбалот и клиентите на НЛБ Банка имаат единствена можност да учествуваат во наградната игра „Навивај во живо на FIFA World Cup 26™“. Двајца среќни добитници ќе добијат пакет аранжмани за патување за двајца на четвртфиналето во Мајами, а ќе бидат доделени и триесет други вредни награди, овозможени од Visa. Главното извлекување на наградите е на 23 март, 2026 година.

Никогаш поблиску до трибините на „FIFA World Cup“
Секоја безготовинска трансакција од минимум 500 денари со која била Visa НЛБ картичка е вашата шанса да учествувате во извлекувањето. Двојно поголема можност за добивка ви носи секоја безготовинска трансакција со која била Visa НЛБ картичка од минимум 500 денари, направена преку NLB Pay. Без разлика дали купувате во продавница или онлајн, секоја трансакција се брои и ги зголемува вашите шанси да навивате од трибините на „FIFA World Cup 26™“. Можност за учество имаат сите иматели на Visa дебитни и Visa кредитни картички (Visa Debit, Visa Classic, Visa Gold).
Направете го победничкиот потег
Побарајте ја вашата нова Visa НЛБ картичка и не заборавајте да ја дигитализирате за уште поголеми шанси за победа. Единствено во НЛБ Банка можете да ја имате вашата Visa дигитална картичка веднаш, подготвена за плаќање. А кога пазарувате, не само што уживате во леснотијата и безбедноста со Visa НЛБ картичките, туку сте и чекор поблиску до извонредни награди. Патот до незаборавните моменти на „FIFA World Cup 26™“ започнува со само една трансакција.
Комерцијален текст









