Трипие и Гордон за шокантната сцена од Баку: Емоциите се силни на теренот…

Дерби

19/02/2026

12:00

416

Големина на фонт

а а а

Њукасл го уништи Карабах со 6-1 во првиот натпревар од 1/16 финалето на Лигата на шампионите, победа со која премиерлигашот скоро и да го обезбеди пласманот во наредната фаза на ова натпреварување.

Токму поради ова беше шокантна сцената од првиот дел кога во конфликт, препирка дојдоа капитенот Киран Трипие и Антони Гордон и тоа во моментите кога екипата водеше со 5-0.

Дефанзивецот беше бесен и соиграчите мораа да интервенираат за да се случи нешто посериозно, но откако се се заврши, двајцата излегоа пред медиумите и потврдија дека се е надминато и нема никаков проблем.

- Горди постигна хет-трик и мислам дека сите играчи сакаа да го изведат пеналот, но исто така, тој е нашиот изведувач на пенали. Значи, тој сака да постигнува голови како и сите други, но тој е изведувач на пенали. Емоциите се високи на теренот понекогаш, но тоа е тоа што е. Тој постигна четири гола и беше неверојатен. Сега продолжуваме понатаму, - рече Трипие.

Причината за конфликтот беше тоа што Трипие сметаше дека друг треба да го изведе пеналот, но Гордон ја зема топката и реализираше.

- Да, но видете, го разбирам мислењето на сите затоа што сакам сите да успеат. Ние сме тим, треба да бидеме заедно во тоа. Но, јас сум напаѓач, јас сум изведувач на пенали, па сакам да постигнам што е можно повеќе голови. Но, го разбирам мислењето на сите и емоциите се зголемуваат, но [Трипие] е еден од моите најблиски соиграчи и така е откако се приклучив на клубот, тој направи толку многу за мене. Тој е во ред, - порача офанзивецот.