Поп-ѕвездата Дуа Липа на својот инстаграм-профил му го честиташе роденденот на својот вереник, актерот Калум Тарнер.
Пејачката, која е во врска со Калум од јануари 2024 година, сподели серија фотографии кои даваат увид во нивната двегодишна романса. Дуа наратко напиша покрај објавата: „Среќен роденден на мојот засекогаш и секогаш“.
Дуа Липа и Калум Тарнер се познати како еден од најхармоничните парови во светот на шоубизнисот. И покрај нивните пребукирани распореди, тие секогаш наоѓаат време еден за друг, без разлика дали станува збор за гламурозни настани како Мет Гала или заедничко патување.
Тарнер откри во интервју дека се запознале непосредно пред роденденската забава на заеднички пријател. Сфатиле дека читаат иста книга и двајцата го завршиле првото поглавје.

„Седевме еден до друг и сфативме дека читаме иста книга, што е лудо. Се вика „Доверба“ од Хернан Дијаз, а јас штотуку го завршив првото поглавје, и ѝ го кажав тоа, а таа ме погледна и рече: „И јас штотуку го завршив првото поглавје“. Јас реков: „Значи сме на иста страна“, открил актерот во едно интервју.
Покрај музичките успеси, пејачката неодамна се обиде и во нова улога како консултант на нејзината веб-страница за животен стил „Service 95“, каде што одговара на прашања од обожавателите. Кога ја прашаа како да се одржи врска на далечина, Дуа, потпирајќи се на своето искуство од едногодишната турнеја „Радикален оптимизам“ што ја раздели од Калум и нејзиното семејство, даде неколку искрени совети.

„Ова е нешто во што морав да станам доста добра во текот на годините, особено за време на сезоните на турнеи! Ќе почнам со ова: Со текот на времето станува полесно, но никогаш не престанува да биде тешко. Да се биде далеку од семејството е тешко. Не се само големите моменти што ги пропуштате; туку и акумулацијата на мали моменти што можат да ве остават да се чувствувате несинхронизирани еден со друг“, одговорила таа.

Сепак, таа оптимистички заклучи: „Да, врските се менуваат со растојанието, но љубовта не се менува. Ако ништо друго, може да се почувствува уште посилна кога не се гледате цело време.“

Пејачката се осврнала и на темата за раскинувања, откако примила писмо од обожавателка чија сестра ја изгубила самодовербата по завршувањето на врската. „Рскинувањата никогаш не се лесни, тоа го знам од прва рака, и ужасно е да гледате некого што го сакате како тоа го погодува“, напишала Дуа Липа која пред Калум била во врски со моделот Енвер Хадид и готвачот Исак Керју.














