Во периодот од 30 јануари, 31 јануари и 1 февруари се одржа скаут-камп на ФК Црвена Звезда, настан кој претставува вистинска новина и преседан на балканските простори. За првпат на Балканот беше организиран ваков тип на камп со директно присуство на тренери и координатори од Црвена Звезда, со цел селекција и следење на млади голмански таленти.
На кампот учествуваа околу 60 голмани, меѓу кои и голмани од Академија Ивановик, кои во текот на трите дена работеа под стручна контрола, со јасно дефинирани тренажни програми и професионален скаутинг-процес. Настанот помина на високо професионално ниво и отвори нови можности за младите голмани од регионот.
Особено значајно е што по овој камп е воспоставена официјална соработка меѓу Академија Ивановик и ФК Црвена Звезда, при што најталентираните голмани ќе добијат можност за понатамошна работа и развој во рамки на програмите на српскиот шампион. Веќе неколку голмани од Академија Ивановик се наоѓаат на подготовки и тренинзи во системот на Црвена Звезда, што претставува голем успех и потврда за квалитетната работа во академијата.

Овој камп претставува значаен чекор напред за развојот на голманскиот фудбал во регионот и силна мотивација за сите млади спортисти кои сонуваат за професионална кариера.





Комерцијален текст










