Оби Микел сака повторно да го види во дресот на Челси: Тој ни недостасува…

Дерби

16/04/2026

12:23

199

Големина на фонт

а а а

Челси ќе се обиде оваа сезона да ја заврши со трофеј и пласман во Лигата на шампионите што нема да биде лесна мисија ако се земе предвид формата на екипата.

„Сините“ се на два чекори од пехарот во ФА Купот, додека пак ПЛ се на шестата позиција со минус четири во однос на Ливерпул, тим кој од оваа седмица исто така ќе нема обврски во Европа и ќе може да се посвети на домашната сцена.

Допрва ќе видиме како Челси ќе ја комплетира оваа кампања, но некогашниот ас на овој клуб Џон Оби Микел веќе донесе заклучок на една тема, а тоа е напаѓачката линија. Тој не премногу задоволен од тоа како Жоао Педро и Лиам Делап си ја завршија работата како „деветки“ и порача дека на тимот му недостига Николас Џексон кој е позајмен во Баерн Минхен.

-Ни недостасува Николас Џексон. Она што ни го даде тој, ниту еден напаѓач не ни го даде. Значи, да, ни недостасува Џексон, -порача Нигериецот преку својот Јутјуб канал.

Џексон во оваа сезона има учинок од 8 гола и 4 асистенции на 27 средби за Баерн, Педро има 19 гола и 9 асистенции на 45 натпревари, додека Делап на 34 меча има 2 погодоци и 4 асистенции.