Џерард со прогноза: Жал ми е, ама ќе ја изгуби работата

Дерби

16/04/2026

12:25

376

Големина на фонт

а а а

Завршена е четвртфиналната фаза во Лигата на шампионите и ги имаме екипите кои ќе водат борба во полуфиналето, поточно паравите се Пари Сен Жермен-Баерн Минхен и Атлетико Мадрид-Арсенал.

Можеби многумина очекуваа некое друго сценарио, други двојки, но ова се тимовите кои најдобро се снајдоа и дојдоа на чекор од финалето во Будимпешта.

Стивен Џерард од стручен аспект имаше можност да даде свој коменат за соочувањето меѓу Баерн и Реал Мадрид, битка која ја добија баварците што за легендарниот англиски репрезентативец е знак дека Алваро Арбелоа ќе биде минато.

-Жал ми е за Арбелоа и ми е жал за многу играчи на Реал Мадрид, бидејќи вечерва беа многу подобри од минатата недела и беа одлични на целиот терен.

-Тој [Арбелоа] веројатно ќе ја изгуби работата, но не мислам дека го заслужува тоа врз основа на доказите од вечерва, -порача Стиви-Џи за ТНТ Спортс.