Пред четири години водеше битка за живот, а сега е на чекор од олимписки медал...
Канадскиот пар Пајпер Жил и Пол Поарије со фантастичниот настап во ритмичен танц на Зимските олимписки игри ги воодушевија љубителите на уметничкото лизгање.
Особено внимание привлече генијалниот потег на 34-годишната Пајпер. Благодарение на нејзината неверојатна снаодливост, симпатичниот канадски пар избегна казнени поени и остана во борбата за бронзен медал.
Canadians Piper Gilles and Paul Poirier - Rhythm Dance in Milano Cortina Olympics 2026. pic.twitter.com/SUtKp4SrCt
— Zbyszek Zapolski 🇵🇱 (@ZzPolski) February 10, 2026
Имено, во текот на настапот, парче од ткаенината од костимот на Пол се откачилo и се залепилo на нејзините хеланки. Според строгите правила доколку било кој дел од опремата заврши на мразот, натпреварувачите добиваат казнени поени.
Следела прекрасна импровизација на снаодливата Канаѓанка. Пајпер видела што се случило и маестрално реагирала – во финалниот дел од настапот успеала да го фати парчето ткаенина и да го скрие зад грб.

Доколку ткаенината паднела на мразот, би добиле казнени поени и би паднале на четвртото место, а со тоа автоматски не би биле во трката за бронзен медал.
Сега ги очекува настап во слободен танц и продолжение на бoрбата со британскиот и италијански пар за трето место.
„Фала му на Бог што се случи на самиот крај. Добро го покривме тоа, ќе бевме фрустрирани. Знаевме каде е секој дел од нашето тело, каде е секој дел од нашите костими, па во тој момент кога ме допре точно знаев што морам да направам“, рекла по настапот Пајпер.

Животна борба
Овој симпатичен пар којшто 14 години настапува заедно, пред неколку години не ни помислувал дека ќе има можност да настапува на Олимпискиоте игри.
Имено, Пајпер кон крајот на 2022 година водела битка за живот. Ѝ бил пронајден тумор на јајникот, па морала итно да се оперира. Подоцна се докажало дека туморот е карценоген, па следеле серии хемотерапии.

Парот една година претходно доживеал голема семејна трагедија, нејзината мајка починала од агресивен облик на рак на мозокот.
Таа отворено говорела дека ова искуство ѝ го сменило пристапот кон лизгањето.
„Луѓето кои што беа со нас, тие се поважни од олимписките медали. Ако имате таква перспектива, веќе сте победиле“, изјавила Пајпер.













