Донесена е одлука: ЕХФ ги санкционираше Николов и Начевски

Дерби

14/04/2026

19:31

443

Големина на фонт

а а а

Најдобриот македонски судии, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски се казнети од Судот на ЕХФ, објави Европската ракометна федерација.

Николов и Начевски без „избришани“ од страна на ЕХФ за Европското првенство кое се одржа на стартот на оваа календарска година, а како причина беше наведена манипулација со фитнес тестовите, поточно манипулација при доставените видеа за нивната физичка подготвеност.

По повеќе од три месеци сега падна одлука од судот, па така Николов и Начевски се суспендирани две години, период во кој нема да можат да извршуваат никаква функција во рамките на ЕХФ. Суспензијата важи од датумот на првостепената одлука.

Тие ќе мора воедно да платат и по 5000 евра поради прекршувања на кодексот на однесување. Славе и Ѓорѓи имаат права на жалба и тоа во рок од седум дена.