Фабрегас ја прекина тишината и испрати порака за неговата иднина

Дерби

15/04/2026

07:24

433

Големина на фонт

а а а

Сеск Фабрегас одлучи да му се посвети на тренерскиот занает по завршувањата на играчката кариера и ако се суди по она што го гледаме во Комо пред него е потенцијално успешна приказна во овој нов дел од животот.

Шпанецот изгради квалитетен тим во Комо, состав кој има идентитет, знае што сака и оваа година е на добар пат да избори место во Европа, па дури има и шанса за Лигата на шампионите.

Овие резултати го прават Фабрегас интересен за другите клубови, па неговото име секогаш се споменува со некои ангажмани, но во моментов тој е фокусиран на една задача.

-Многу сум посветен на овој проект. Никогаш не се знае, но во моментов мислам дека е многу малку веројатно дека ќе го напуштам Комо. Минатата година сакав да видам како функционираат другите клубови. Му го споменав тоа на претседателот, но решив да останам. Многу сум задоволен од она што успеавме да го постигнеме. Ова е важен проект. Треба да се чувствувам добро тука. Важно е моето семејство да биде среќно, а ако тие се среќни во Комо, ќе останам, -порача Сеск кој се отпиша себеси од можноста да биде селектор на Италија.

-Можеби еден ден. Во моментов, премногу сум тренер и треба да бидам на теренот секој ден. Да се ​​биде селектор на репрезентацијата можеби е здодевно во моментов – премногу слободно време. Во иднина, кога ќе бидам постар, никогаш не се знае, -порача младиот стручњак.