Голема промена: Борнмут останува без тренерот кој им донесе рекорден број на поени во ПЛ

Дерби

14/04/2026

19:32

307

Големина на фонт

а а а

Борнмут е во оваа сезона важи за едно од најпријатните изненадувања во Премиер лигата, сезона во која влезе со многу промени во однос на минатата, продадени клучни играчи, но менаџерот Андони Ираола успеа да ја собере екипата и да бележи добри резултати како што е на пример последниот, победата над Арсенал на „Емирејтс“ (2-1).

Токму поради тоа сериозен удар за Борнмут е денешната вест дека Ираола ќе го напушти клубот по крајот на натпреварувачката 2025/2026.

Се става крај на успешната тригодишна соработка во која Шпанецот потврди дека е добар стратег, направи Борнмут да биде стабилен тим, состав кој може да се натпреварува и да бележи резултати.

-Беше чест да го водам Борнмут и сум горд на она што го постигнавме заедно. Благодарен сум на играчите и персоналот со кои работев, како и на Бил, кои сите го направија моето време тука толку посебно. Што се однесува до навивачите, вие продолживте да ми ја покажувате вашата фантастична поддршка мене и на тимот, и за тоа секогаш ќе бидам благодарен. Чувствувам дека ова е вистинскиот момент да се повлечам, но секогаш ќе носам фантастични спомени од овој клуб, -порача Ираола кој минатата сезона освои 56 рекордни бодови со Борнмут.

Според дел од информациите Андони е најблиски до враќање дома и преземање на Атлетик Билбао, тимот во кој го мина најголемиот дел од играчката кариера, клуб од кој пак си заминува Ернесто Валверде.