[ВИДЕО] Еве кое е момчето од Супербоулот за кое бруи сиот свет, и не, не е оној на кој сите мислеле! Во финалето на НФЛ се случи и вистинска свадба, а мистеријата на бројот 64 никому не дава мир

Точка

09/02/2026

11:52

1.033

Големина на фонт

а а а

Големо интересирање на светската јавност привлече момчето кое синоќа се појави за време на настапот на Бед Бани во полувремето на Суперболот во Санта Клара, Калифорнија. Се знае идентитетот на детето, како и симболиката на неговото појавување, додека мистеријата околу бројот 64 што го носеше порториканскиот рапер ја интригира публиката.

Сиетл беше убедлив против Њу Ингланд, па ја освои втората титула по 12 години. А Бед Бани на Суперболот, каде што настапи заедно со Лејди Гага, му го предаде својот неодамна освоен Греми на тоа момче. Да потсетиме, порториканскиот рапер ја освои наградата за албум на годината („DeBÍ TiRAR MáS FOToS“) која е целосно на шпански јазик, со што влезе во историјата како прв добитник на Греми признание на кого тоа му успеало. И синоќа пееше на шпански, и со тоа засекогаш се запиша во аналите на финалето на НФЛ.

Бед Бани ја критикува имиграциската политика на Доналд Трамп па првично се претпостави дека на неговиот настап се појави петгодишниот Лијам Кони Рамос, кого Службата за спроведување имиграциски мерки (ICE) неодамна го притвори.


Сепак, станува збор за детскиот актер Линколн Фокс, кој ја играше помладата верзија на Бед Бани, што е и нагласено на профилите на раперот со хаштаговите „#youngbadbunny“ и „#littlebadbunny“.

На многумина им се допадна тој настап, но некои се пожалија зошто не се појави Лијам Кони Рамос.

Свадба на Суперболот

На Суперболот се случи и вистинска свадба. Парот се појави на бината и склучи брак пред милиони гледачи. Младенците го повикаа Бед Бани на свадбата, а тој им возврати со покана на својот настап.

Вистинска торта, матичар и венчаница… луѓето гледаа со неверување, но и тој „детаљ“ го направи настапот сосема посебен.


Мистеријата на бројот 64

Бед Бани синоќа на Суперболот носеше дрес со бројот 64 и презимето Окасио. Да потсетиме, вистинското име на раперот е Бенито Антонио Мартинез Окасио.

И додека презимето не ја збунуваше публиката, бројот 64 навистина предизвика интерес. Некои сметаат дека станува збор за годината на раѓање на неговата мајка, додека други го поврзаа со првичниот, неточно објавен број на жртви од ураганот Марија, кој во 2017 година ја погоди Порторико и подоцна беше прогласен за една од најсмртоносните природни катастрофи во историјата на Америка.

Трети го поврзуваат со 64. состав на американскиот Конгрес во 1917 година, кога беше донесен законот Џонс-Шафрот, со кој Порториканците добија право на американско државјанство.

Четврти потсетуваат дека неговиот албум „Un Verano Sin Ti“ во 2023 година стана првиот албум на шпански јазик номиниран за албум на годината на 64. доделување на Греми наградите. Настапот без сомнение ќе остане запаметен.