[ВИДЕО] Пејачката која се струполи на бина, сега отворено призна дека се предозирала: „Што требаше, да умрам?“

Точка

12/03/2026

13:50

573

Големина на фонт

а а а

Британската пејачка Лола Јанг првпат јавно проговори за моментот кога минатата година се онесвести за време на концерт во Њујорк, што предизвика загриженост кај нејзините обожаватели. Инцидентот се случил на фестивалот „All Things Go Music Festival“ во септември, кога пејачката ја изведувала песната „Conceited“.

Во текот на настапот таа изгубила свест, по што членовите на техничката екипа ја изнеле од сцената. По настанот, Јанг ги откажала неколкуте најавени концерти за да се посвети на закрепнување.

Во интервју за „Ролинг Стоун“, пејачката откри дека зад инцидентот стоела нејзината зависност.


„Имаше многу омраза на интернет, но морав да ја донесам таа одлука. Што друго можев да направам? Да умрам? Тоа беше реалноста кон која ме водеше зависноста“, изјави таа.

Јанг призна дека во тој период и покрај тоа што се наоѓала во таква ситуација, излегувала на сцена и настапувала. Иако настанот бил тежок, денес гледа на него како на важна пресвртница во својот живот.

„Всушност сум благодарна што се случи, бидејќи тоа беше моментот што ме натера да се променам и да работам на подобра иднина и подобра верзија од себе“, рече таа.

Британската ѕвезда претходно побарала помош поради зависност од кокаин, а неодамна откри и дека повеќе не консумира алкохол.

Јанг претходно открила дека на 17-годишна возраст ѝ било дијагностицирано и шизоафективно растројство, состојба што комбинира симптоми на шизофренија, како халуцинации и заблуди, со симптоми на нарушувања на расположението, како депресија и манија.

„Моето ментално здравје не ме дефинира. Тоа е дел од мене, но истовремено е и моја сила“, порача пејачката.