[ФОТО] Ели Голдинг сподели среќни вести: Пејачката доби ќерка со партнерот Бо Миниар

Точка

11/03/2026

20:37

410

Големина на фонт

а а а

Пејачката Ели Голдинг доби ќерка со својот партнер, актерот Бо Миниар. Среќната вест Голдинг ја сподели на Инстаграм, каде што откри дека таа и нејзиниот партнер се опседнати со својата ќерка и дека уживаат со неа.

„Во петокот родив прекрасно девојче. Беше соодветно што Меѓународниот ден на жената го поминав со неа и со медицинскиот тим кој на мене и на моето бебе нѝ пружи посебна грижа и љубезност“, наведе таа.


Исто така, Голдинг додаде дека нејзиниот син Артур е многу среќен затоа што добил помала сестра. Синот Артур пејачката го доби во бракот со поранешниот сопруг Каспар Џоплинг, пишува „People“.

Покрај среќните вести, Голдинг сподели и неколку фотографии од моментот кога нејзината ќерка пристигнала дома.


Пејачката во декември минатата година откри дека го очекува своето второ дете. Таа и нејзиниот партнер јавно ја потврдија својата врска во септември минатата година.

Во јануари Голдинг зборуваше и за проширувањето на семејството и усогласувањето на кариерата.


„Имам неверојатно момче. Полесно ми е затоа што имам поддршка, иако сè уште работам и сè уште пишувам секој ден. Само што во себе развивам уште едно човечко суштество. Прекрасно е да можеш да одгледуваш дете и се чувствувам среќна што сум здрава“, порача таа.