Барселона го менува планот за Левандовски

Дерби

06/02/2026

08:01

361

Големина на фонт

а а а

Шпанските медиуми тврдеа дека Барселона не планира да му понуди нов договор на Роберт Левандовски и веќе размислува за негов наследник, но последните информации велат дека може да има и промена на планот.

Неколку извори најавуваат дека шпанскиот шампион решил сепак да му понуди едногодишно продолжување на соработката на полскиот интернационалец, но само со намалена плата.

Левандовски како слободен агент веќе може да преговара со други клубови и веројатно сериозно размислува за следниот предизвик, а потегот на Барса ќе значи дека има и дополнителна опција, која значи останување во Каталонија.

Барселона изградила ваков став пред се поради размислувањето на тренерот Ханси Флик, кој бил задоволен од начинот на кој се однесува ветеранот и неговиот професионален однос на тренинзите, па затоа нема ништо против да смета на Лева до јуни, 2027 година.

Преговорите допрва ќе започнат, а прашање е дали Левандовски ќе прифати да игра за помала плата, односно да ослободи дел од буџетот за инвестирање во нов напаѓач.

Потрагата по нов напаѓач е поврзана со летниот преоден рок, а меѓу можните кандидати се Хулијан Алварез и Душан Влаховиќ.