[ФОТО/ВИДЕО] „На овој човек му треба помош“: Џастин Бибер речиси гол настапил на доделувањето на Греми наградите

Точка

02/02/2026

13:35

1.127

Големина на фонт

а а а

Џастин Бибер предизвикал лавина реакции со настапот на синоќешното доделување на Греми награди. На сцената, првпат по четири години, се појавил без маица – облечен само во боксерки.

31-годишниот пејач ја извел песната „Yukon“ со електрична гитара и ритам-машина, без голема продукција и без придружен бенд. За време на емотивниот настап, кој ѝ го посветил на сопругата, камерите неколкупати ја уловиле Хејли Бибер во публиката како се насмевнува и го бодри, пишува „Daily Mail“.


Само неколку часа претходно, парот заедно се прошетал по црвениот килим, носејќи исти беџови со натпис „ICE OUT“.

Прв настап на Греми наградите по 2022 година

Ова беше првиот настап на Бибер на Греми наградите од 2022 година, кога со Гивон и Даниел Цезар го извел хитот „Peaches“. Потоа ретко се појавувал на сцена – само со по некое изненадно гостување, меѓу кои и на концерт на СЗА, како и на неколку приватни настани. Во меѓувреме, поради здравствени проблеми бил принуден да ја откаже турнејата.

Многумина настапот го толкуваат и како најава за тоа што следува, со оглед на тоа што оваа пролет Бибер би требало да биде главен изведувач на двата викенда од фестивалот „Coachella“.

Номиниран во четири категории

Оваа година Џастин Бибер бил номиниран во четири категории: за албум на годината и за најдобар поп-вокален албум (Swag), за најдобра поп соло-изведба (Daisies) и за најдобра Р’н’Б изведба (Yukon). Во текот на кариерата има собрано 23 номинации и освоено две Греми награди.

Интернет „гори“ поради аутфитот на Бибер

Сепак, неговиот избор на облека – односно нејзиното отсуство – засенил сè друго. Корисниците на социјалните мрежи, особено на Икс, беа целосно поделени: едни ја пофалиле ранливоста и оголениот пристап кон настапот, додека други се прашувале зошто на доделувањето се појавил речиси гол.

„Каква прекрасна и ранлива изведба“, напишал еден обожавател, додека друг се пошегувал: „Само стои таму во гаќите и чорапите…“


Некои беа значително поостри. „Џастин, ова е доделување на Греми, а не плажа… навистина срамотно“, коментирал еден корисник. „Каде му е маицата?“, прашал друг, а трет додал: „Зар вака се облекол за Греми? Навистина ужас“.


Меѓутоа дел од корисниците наместо потсмев и критики изразиле и загриженост. „Ова е всушност тажно. Човекот моли за помош, а никој не го забележува тоа“, напишал еден корисник.


Обожавателите, очекувано, брзо застанале во негова одбрана, нагласувајќи дека без разлика на сè „го украл шоуто“ со вокалот и настапот. „Џастин Бибер и понатаму знае да доминира на сцената“, коментирал еден обожавател.