Во неделата, во Crypto.com Arena во Лос Анџелес се одржа 68-то доделување на музичките Греми награди кои ги слават најдобрите изведувачи и изданија во светот на музиката.
Додека на сцената наградите ги примаа бројни музичари, меѓу нив Били Ајлиш за Песна на годината со хитот „Wildflower“ и Лејди Гага, која ја освои наградата за најдобар поп вокален албум за „Mayhem“, вечерта започна во препознатлив стил – на црвениот тепих, со низа впечатливи модни изданија.
Црвениот тепих на Греми наградите е познат по тоа што не следи строги правила на одмерена елеганција и формалност какви што гледаме на доделувањето на Оскарите или Златните глобуси. Тука доминираат забава, театралност и склоност кон моден ризик, што и оваа година се истакна во полн сјај.
Впечатливи силуети
Најзабележаните изданија на вечерта ги одбележаа впечатливи силуети.
Едисон Реј се појави во бела „Alaïa“ тоалета со длабоко деколте, една од последните креации на дизајнерот Питер Мулиер за оваа модна куќа. Сабрина Карпентер избра класичен гламур од стар Холивуд во блескава „Valentino“ тоалета, додека Лејди Гага се одлучи за поизразена авангарда, во црна тоалета од перја на брендот „Matières Fécales“.
Меѓу најдобро облечените мажи се истакна Бед Бани, кој носеше едно од првите машки парчиња на брендот „Schiaparelli“, елегантен смокинг со врзување на грбот. Малис, Пуша Ти и Фарел Вилијамс се истакнаа во морето на предвидливите црни смокинзи, појавувајќи се во усогласени розови кадифени одела на „Louis Vuitton“.

Во продолжение, ова се дел од највпечатливите изданија на Греми наградите:



































