Адвокатката за човекови права и сопруга на славниот актер Џорџ Клуни денес беше гостинка на „Cartier“ настанот во Милано, „WOMEN INITIATIVE dialogues“. Амал Клуни се претстави со нова боја на коса и моментално најпопуларниот тренд во шминкањето, а реакциите се позитивни.
Амал Клуни (48) го промовираше трендот на „замаглени“ усни, кој го обожаваат и актерките Џеси Бакли и Чејс Инфинити. „Сакав шминката да биде нежна со многу земјени тонови“, изјави за „Vogue“ шминкерот и фризер Димитрис Јанетос, кој користел производи од „Charlotte Tilbury“ за да го постигне овој изглед, па додаде: „Тука има и малку боја на образите и усните“.
Тој бил задолжен и за фризурата на Амал, чија коса е освежена со карамел нијанси. Димитрис Јанетос инаку е прогласен за глобален амбасадор на екстензии за коса „Great Lengths“.
Трендот на „замаглени“ усни го започна шминкерката Нина Парк, која за хит шминката користела моливи за усни од бјути брендот на Хејли Бибер. Тој стил носи призвук на деведесеттите, а шминкерот на Амал Клуни го спои со „smokey“ очи и бронзени нијанси на веѓите.
Амал воодушеви и со модното издание – во хит црна боја, комбинација од едноставна блуза со чамец изрез и тесно здолниште од кожа, со додаток на ремен од „Elie Saab“.
Фановите на социјалните мрежи истакнуваат дека Амал Клуни никогаш не изгледала поубаво, „Vogue“ ја опишува како кралица на класичната убавина и гламур, а нејзиното ново издание го лајкнаа и бројни познати жени, како нејзината пријателка Синди Крафорд и Џорџина Родригез.
Димитрис Јанетос порача на Инстаграм дека сопругата на Џорџ Клуни е негова голема инспирација и исклучително љубезна жена.

















