[ФОТО] Во ист момент во светот, HydroConquest 2026 пристигна и во Македонија, Longines со нова визија и глобална кампања

Точка

03/04/2026

12:00

139

Големина на фонт

а а а

Longines влегува во нов циклус на развој со претставувањето на новиот HydroConquest, модел кој по повеќе од 20 години еволуција добива најзначајна трансформација досега.

Ексклузивно претставен во Виена пред одбрани партнери и медиуми, меѓу кои и тимот на Божиновски Часовници & Накит, новиот HydroConquest не доаѓа како обично освежување на линија, доаѓа како дел од поширока стратегија, нова енергија, нова интерпретација и јасна насока на брендот.

Во ист момент кога светот официјално го виде новиот HydroConquest, тој пристигна и Македонија, позиционирајќи ја локалната публика еднакво со глобалниот лансирачки момент на брендот.


Ексклузивно претставен во Виена пред одбрани партнери и медиуми, меѓу кои и тимот на Божиновски Часовници & Накит, новиот HydroConquest не доаѓа како обично освежување на линија, доаѓа како дел од поширока стратегија, нова енергија, нова интерпретација и јасна насока на брендот.

Во ист момент кога светот официјално го виде новиот HydroConquest, тој пристигна и Македонија, позиционирајќи ја локалната публика еднакво со глобалниот лансирачки момент на брендот.

„Секогаш бараме следен чекор, прогресот е природен во нашата индустрија и е дел од духот на elegance in motion,“ изјави Patrick Aoun.

„Денес е време да се движиме, да бидеме проактивни и да го фатиме моментот.“


Од „DIVER“ кон LIFESTYLE икона

HydroConquest отсекогаш бил препознатлив како технички силен diver часовник.

Но новата генерација ја менува перспективата.

„Ова не е само часовник за нуркање, тоа е часовник за секојдневие, за канцеларија, за состаноци, за патување или за море,“ објаснува Patrick Aoun.

„Робустен е, но истовремено елегантен, и токму таа рамнотежа е суштината.“

Овој пристап го поставува HydroConquest како современ tool watch со lifestyle карактер, кој се движи помеѓу различни контексти без да губи идентитет.


Кампања со длабочиња, повеќе од 300 метри

Новата глобална кампања на Longines не се фокусира само на техничките перформанси, туку на поимот „depth“ како поширок концепт.

Снимана во сурови, водени пејзажи инспирирани од северните региони, Шкотска, морето, карпите и постојаното движење, кампањата ја гради приказната за HydroConquest како часовник што ја разбира длабочината не само како мера, туку како состојба.

Лицето на кампањата е Henry Cavill, амбасадор на Longines, чиј профил совршено се вклопува во новата позиција на брендот, комбинација од сила, дисциплина и дискретна елеганција.

Оваа визуелна и наративна насока дополнително ја потврдува трансформацијата на моделот, од инструмент во израз.


Виена како сцена на промената

За тимот на Божиновски, присуството на овој настан значеше директен увид во новата насока на брендот.

„Она што го видовме во Виена беше многу повеќе од презентација, тоа беше јасен сигнал за новата енергија на Longines и за правецот во кој се движи брендот,“ изјави Игор Божиновски, основач на БОЖИНОВСКИ час ни и & накит.

„Фактот дека во истиот момент кога HydroConquest го виде светот, истиот момент го доби и Македонија, е една од најсилните вредности што ги градиме како компанија, да бидеме синхронизирани со глобалните движења и да ја донесеме таа енергија веднаш тука.“


Нова дефиниција на елеганција

Со новиот HydroConquest, Longines ја проширува својата основна вредност.

„Елеганцијата денес е став, таа не е ограничена на формални ситуации,“ вели Patrick Aoun.

„Таа е дел од секојдневниот живот, и токму тоа го рефлектира овој часовник.“

Ова значи јасна промена, елеганцијата повеќе не е спротивност на спортот, туку негово продолжение.


Традиција како компас, не како ограничување

Основан во 1832 година, Longines останува еден од ретките брендови што успева да ја задржи својата историја без да стане музеј.

„Нашето наследство е наш компас,“ објаснува Patrick Aoun.

„Гледаме назад не за да останеме таму, туку за да останеме верни на тоа кои сме.“

Оваа филозофија ја дефинира и новата генерација на HydroConquest, модел што комбинира традиција, иновација и современ дизајн.


Повеќе од часовник

„Ние не продаваме само механички часовници, ние продаваме емоции, приказни и моменти,“ додава Patrick Aoun.

„Часовникот е придружник, нешто што останува со вас.“

И токму тука се затвора кругот, од технички инструмент, кон личен објект со значење.


Достапност

Новата колекција на Longines HydroConquest е веќе достапна во продажните салони на БОЖИНОВСКИ часовници & накит: Hydroconquest | Божиновски часовници и накит.

*Комерцијален текст