Кливленд го расплака Леброн: Ова може да биде моја последна сезона…

Дерби

29/01/2026

12:03

189

Големина на фонт

а а а

Лос Анџелес Лејкерс одигра лошо второ полувреме и доживеа пораз на гостувањето кај Кливленд Кавалирс во Охајо.

Домаќините триумфираа со 129:99 во мечот кој донесе емотивен момент кај Леброн Џејмс кој не можеше да ги задржи солзите откако Кливленд прикажаа видео од неговиот легендарен настап од петтиот натпревар од финалето на Источната конференција во 2007 година против Детроит Пистонс. Тој на тоа соочување даде 25 поени по ред и заврши со 48 поени во славјето по две продолженија.

- Само се обидувам да сфатам сè, да не ги земам моментите здраво за готово. Бидејќи ова може да биде [мојата последна сезона]. Очигледно не сум донел одлука за иднината, но сосема е можно да биде.

- Мислам дека тоа доаѓа само од тоа што сум присутен, едноставно бев поприсутен денес отколку што бев [на претходните патувања во Кливленд].Дефинитивно малку ме трогна, сигурно, - истакна Џејмс.

Инаку Леброн го одигра најлошиот меч како ривал на Кавс во Охајо, постигна 11 поени од кои 5 беа од линијата за слободни фрлања.

Претходно на 12 средби немаше постигнато помалку од 21 поен, а учиникот на екипите му беа 9-3.