Даглас Луиз ја заврши етапата во Нотингем, ќе настапува за друг премиерлигаш

Дерби

28/01/2026

14:27

174

Големина на фонт

а а а

Нотингем Форест не инсистирал на продолжување на соработката со Даглас Луиз, иако Бразилецот дојде на заем од Јувентус за до крајот на сезоната, а фудбалерот веќе ја пронашол и својата следна дестинација.

Угледните англиски медиуми објавија дека Луиз веќе ги поминал и лекарските прегледи и деновиве ќе биде потврден од Астон Вила, клубот во кој настапуваше и до пред година и пол.

Вила ќе му плати 3 милиони евра на Јувентус за заемот до крајот на сезоната, а потоа има опција да го откупи неговиот договор за сума од околу 30 милиони евра.

Даглас Луиз беше едно од најголемите трансфер промашувања на поранешниот спортски директор на Јувентус, Кристијано Џунтоли и никогаш не успеа да се наметне во редовите на италијанскиот тим.

И покрај проблемите со повреди, во првиот дел од сезоната Бразилецот забележа 14 настапи за Нотингем.