Гави влегол во конфликт со стручниот штаб откако ПСЖ „украде“ голем талент на Барселона

Дерби

28/01/2026

14:25

294

Големина на фонт

а а а

ПСЖ се пофали со ангажирањето на талентираниот Дро Фернандез, кој доаѓа од младинската академија на Барселона и решил да го напушти шпанскиот клуб бидејќи не добивал соодветна шанса за својата возраст.

Францускиот клуб не го криеше задоволството од тоа што го „украде“ Дро, имајќи го големиот потенцијал на фудбалерот, а веста за трансферот предизвикала нервоза и во редовите на каталонскиот клуб.

Шпанските медиуми пренесуваат дека најгласен бил Гави, кој влегол во конфликт со стручниот штаб, обвинувајќи го дека Ханси Флик и неговите соработници не направиле доволно за да го задржат Дро во клубот.

Гави е познат по блискоска со фудбалерите кои доаѓаат од „Ла Масија“ и дели ист агент со Дро, а на стручниот штаб му порачал дека ова сценарио се случило само затоа што не добил минутажа во првиот тим.

Како пример е посочен куп натпреварот со Гвадалахара, на кој Дро остана на клупата и не доби шанса од Флик.

Од друга страна, според истите извори, Флик чувствува разочарување од фудбалерот кој замина во ПСЖ, бидејќи тој лично се погрижил почесто да биде во првиот тим, па беше дел и од претсезонската турнеја на Барса.