[ВИДЕО] Некои работи не се менуваат: Мурињо спринташе крај аут линијата и славеше со собирачот на топки

Дерби

29/01/2026

07:38

1.057

Големина на фонт

а а а

Страста и емоциите се особини кои секогаш доаѓале до израз во кариерата на Жозе Мурињо, а тие работи не се менуваат и во период кога Португалецот е далеку поискусен и поприбран тренер.

„Специјалниот“ оваа вечер имаше можност да игра против еден од своите најомилени клубови, но кога дојде време да слави гол за пласман во плејофот во Лигата на шампиони, Мурињо воопшто не се штедеше без оглед на тоа што стануваше збор за Реал Мадрид.

Во најдраматични можни услови, Бенфика се избори за победа од 4:2 со погодокот на Трубин, а токму голот на голманот во последната минута беше круцијален за место меѓу 24-те екипи во Лигата на шампиони.

Голот на Трубин донесе ерупција од задоволство на „Луж“, а своите емоции не ги криеше и Мурињо кој спринташе крај аут линијата.

Португалскиот стручњак се радуваше како мало дете на погодокот на својот голман, и тоа во друштво на детенцето кое беше задолжено да ги собира топките на овој натпревар.