Гвардиола му се извини на судијата, но го поздрави Веб: Како Челси доби пенал против Палас?

Дерби

28/01/2026

11:27

152

Големина на фонт

а а а

Пеп Гвардиола му се извини на судијата Фараи Халам поради неговата изјава и критиките по натпреварот меѓу Манчестер Сити и Волвс, но вели дека морал да реагира за да ги заштити своите фудбалери и клубот.

Халам дебитираше во Премиер лигата со храбра одлука, односно одлучи да ја игнорира сугестијата на ВАР собата и да не досуди пенал за Сити по играњето со рака на дефанзивец на „волците“.

По натпреварот, Гвардиола истакна дека првпат гледа еден судија да не ја промени одлуката откако е повикан да ја прегледува снимката и се надева дека Халам ќе биде познат и славен по своето деби во елитната лига. Во пресрет на дуелот со Галатасарај во Лигата на шампионите, Гвардиола се обидел да го појасни својот став и причината што дал таква изјава.

– Судиите со своите соопштенија се штитат меѓу себе, Хауард Веб со изјавите и ставовите ги брани арбитрите и тоа е разбирливо и мора да биде така.

– Но, истовремено и јас мора да го заштитам мојот клуб. Колку пати ги критикував судиите минатата сезона која беше наша најлоша последните десет години?

– Ако го навредив судијата, се извинувам, знам дека не е лесно да се дебитира и сите се почувствителни. Ретко ги коментирам одлуките на судиите, но сега морав да кажам нешто бидејќи имаше чудни одлуки на наша штета во повеќе ситуации. Еве конкретно за играњето со рака (на Москера) на дуелот со Волвс, може да се случи такво нешто, но тогаш што се случи на дуелот меѓу Кристал Палас и Челси, – рекол Гвардиола, алудирајќи на пеналот кој го доби Челси.

Иако немаше голема дебата на островот, се чини дека Челси доби подарок од судиите бидејќи раката на Џејди Канвот беше во природна позиција и покрај неговото тело, што според правилата на ИФАБ не треба да значи сигурен пенал за противникот.