Арсенал има добра шанса да го задржи максималниот ефект во првата фаза на ЛШ со победа над Каират, а оваа импресивна серија во европски рамки не е доволна за да го потисне разочарувањето на фановите од последниот пораз во домашното првенство.
Избраниците на Микел Артета загубија на домашен терен од Манчестер Јунајтед и им овозможија на ривалите да ја намалат негативата на табелата, а менаџерот вели дека по тој натпревар имал состанок со фудбалерите од кој излегол задоволен и среќен.
– Реакцијата на играчите по поразот од Јунајтед е импресивна, во понеделникот имавме состанок кој беше потребен да ја намалиме температурата, да разговараме за тоа што се случило и да излеземе со одредени заклучоци.
– Она што е наш заклучок е дека си обезбедивме можност да бидеме во одлична позиција во четири натпреварувања и следните четири месеци ќе живееме и играме со големо задоволство и уживање, со храброст и убеденост дека можеме да ги освоиме трофеите.
– Се надевам дека сите во клубот и посебно навивачите ќе ни се придружат, затоа што заслуживме заеднички да живееме на таков начин наредните четири месеци. Не можам да исклучам свирежи од фановите, но јас ги охрабрувам да ни се приклучат, затоа што ќе биде забавно, ќе вложиме многу енергија и посветеност и тоа е начинот на кој треба да се живее кога сакаш да оствариш некој сон. Ќе дадеме се од себе да биде така, – рекол Артета.








