Поранешен претседател на ФИФА со порака до навивачите: Немојте да одите на СП

Дерби

27/01/2026

13:54

294

Големина на фонт

а а а

Ова е година на најголемиот фудбалски настан, Светското првенство кое ќе се одржи во три држави (САД, Канада и Мексико) во периодот од 11 јуни до 11 јули.

Еден од организаторите се Соединетите Американски Држави што за некого е позитивно, за некого негативно од различни аспекти, па некогашниот прв човек на ФИФА, Сеп Блатер ја поддржа иницијативата на дел од навивачите да не се патува во оваа земја за мундијалот и тоа поради безбедносни причини.

- Имам само еден совет за навивачите: избегнувајте ги Соединетите Американски Држави. Постојат работи што со право го доведуваат во прашање одржувањето на ова Светско првенство.

- Она што го гледаме во Соединетите Американски Држави – маргинализација на политичките противници, злоупотреби на имиграциските служби итн. – тешко ги охрабрува навивачите да одат таму, - порача Блатер за кого е познато дека е жесток критичар на сегашниот претседател на Светската фудбалска федерација, Џани Инфантино.