Големите победи во дуелите со Манчестер Сити и Арсенал ја подигнаа атмосферата и меѓу поранешните ѕвезди на Манчестер Јунајтед, а Гери Невил како еден од најгласните стручни коментатори постојано споделува што мисли за настапите и резултатите на својот поранешен клуб.
Невил во последната анализа се фокусирал и на Диого Далот, кој според него испорачал одлични настапи под водство на новиот предводник Мајкл Карик.
– Далот е добар фудбалер иако често добива критики од фановите на Јунајтед.
– Признавам дека не е дефанзивец од светска класа, но не бев ниту јас, – искрено потенцирал Невил.
– Ако играше само на десната страна, не би се откажал од неговите услуги. Ќе има такви кои нема да се сложат со мене, но многу добро ја познавам позицијата десен бек и тој може да заврши солидна работа за Јунајтед, – рекол Невил.
Поранешниот член на Јунајтед смета дека промената на позициите на кои настапува Португалецот влијаеле на некои негови послаби настапи, а Далот зад себе веќе има 233 настапи во дресот на „црвените ѓаволи“.








