Синер го прецрта и Шелтон на патот кон посакуваниот хет-трик во Мелбурн

Дерби

28/01/2026

13:24

107

Големина на фонт

а а а

Јаник Синер издоминира на дуелот со Бен Шелтон и без загубен сет продолжува во полуфиналето на Аустралијан Опен.

Првиот годинешен грен-слем ќе донесе интересно соочување на Синер и Новак Ѓоќовиќ, а Италијанецот го потврди овој дуел со победа во меч кој траше 145 минути.

Синер во сите три сета направи по еден брејк, што беше доволно за резултат 6:3/6:4/6:4 и сигурна победа за следна фаза во Мелбурн.

Италијанецот го освои турнирот во Австралија последните две години, па со оваа победа останува во конкуренција за трет триумф по ред, но на тој пат ќе го има Ѓоковиќ, кој во два наврата освои по три трофеи по ред во Мелбурн.

Во второто полуфинале ќе се сретнат Александер Зверев и Карлос Алкарас.