Оклахома Сити Тандер доживеа уште еден неочекуван пораз на домашен терен, втор во низа што е навистина изненадување ако се земат предвид екипите кои ги имаше за ривали на другата страна.
Актуелниот првак прво загуби од Индијана Пејсерс, а рано утрово од уште еден тим од Истокот, Торонто Репторс со 103:101. Фаворитот играше променливо, ги доби непарните четвртини, но останатите две ги загуби што се покажа како пресудно за десеттиот пораз во сезоната, трети на последните пет натпревари.
Шестмина играчи кај победникот беа двоцифрени, улогата на лидер му припадна на Квикли со дабл-дабл од 23 поени и 11 скока. Стандардно најефикасен кај ОКЦ беше Гилџес-Александер со 24 поени.
Голден Стејт Вориорс ја продлабочи кризата на Минесота Тимбервулвс која загуби по петти пат во низа што е нивна најлоша негативна серија во изминативе три години.
„Воините“ триумфираа со 111:85, Кари испорача 26 кошеви со 7 асистенции и 4 украдени топки, Муди пак реализираше 19 кошеви. Едвардс и Дивинченцо не добија соодветна поддршка од соиграчите, па нивните искомбинирани 55 поени не се покажаа како доволни за „волците“.
Два натпревари Мемфис-Денвер и Милвоки-Далас беа одложени поради лошите временски услови.
Останати резултати:
Детроит-Сакраменто 139:116
Сан Антонио – Њу Орлеанс 95-104
Феникс – Мајами 102-111
ЛА Клиперс – Бруклин 126-89








