Спалети побара засилување и испофали еден играч на Јувентус: Не е нормален фудбалер, тој е вонземјанин!

Дерби

26/01/2026

13:59

248

Големина на фонт

а а а

Јувентус го одбрани домашниот терен и забележа убедлива победа над Наполи од 3-0 во дерби средбата во Калчо лигата.

„Старата дама“ успеа да го надигра актуелниот првак и да дојде на само бод од позициите кои водат во Лигата на шампионите во натпреварувачката 2025/2026.

Тренерот Лучијано Спалети беше задоволен од играта и остварениот резултат, но и побара од управата да му донесе едно засилување во овој преоден рок и тоа напаѓач кој е различен профил од Џонатан Дејвид.

- Има напаѓачи како Хојлунд кои се спуштаат во средниот ред, ќе ја удрите топката кон нив, но тие пак прават таа да биде корисна. Тоа е нешто што го немаме. Дејвид е добар за постигнување голови, но кога ќе погледнете подалеку, ви треба и некој што физички се бори со централниот дефанзивец. Не ни треба напаѓач за постигнување голови, туку за таква работа. Дејвид е многу силен, но не може да ја заврши таквата работа.

- Ако тимот успее да не прими голови, а Дејвид продолжи да постигнува голови, како што е сега. Тогаш сè уште ќе ги држиме главите над водата, можеме да дишеме и сè ќе биде совршено, - рече Спалети кој испрати комплименти на адреса на Кенан Јилдиз.

- Јилдиз играше како напаѓач и даде гол. Тој е вонземјанин, не е нормален фудбалер. Одвреме-навреме, тој прави нешто погрешно само за да види дали може да се вклопи во нормалноста, но не може, не може да стане нормален фудбалер, - порача искусниот стручњак.