Наполи го претрпе петтиот сезонски пораз во Серија А и тоа на дербито со Јувентус во Торино.
„Старата дама“ триумфираше со 3-0 и со тоа дојде на само минус еден од актуелниот првак кој е на четвртата позиција со веќе дебел минус од девет бода од лидерот Интер.
- Додека натпреварот беше 1-0, беше балансирано и можеше нешто да се случи за да се стигне до израмнување. Откако го примивме вториот гол, им се отвори простор, па тие го постигнаа и третиот. Честитки до нив, но и до моите момци. Има малку за што може да им се замери, дури и вечерва дадоа сè. Понекогаш се совладува пречката, друг пат не. Денес, успеавме само делумно. За прв пат во мојата кариера, внесов играч што никогаш порано не сум го видел [Џоване], млад играч кој вчера пристигна. Пловиме на отворено море, но не се симнуваме од бродот. Сакаме да се бориме со сета сила, знаејќи дека живееме во речиси неверојатна ситуација, - порача Конте кој запрашан за тоа дали Наполи се уште има шампионски амбиции, искусниот стратет одговори:
- Во овој момент е апсурдно прашање. Не се симнуваме од бродот бидејќи има уште 16 лигашки натпревари до крајот, а има уште многу цели. Лига на шампиони, Лига Европа, Конференциска лига… се обидуваме да го дадеме најдоброто од себе, задржувајќи го најдобриот можен став.
- Момците даваат сè од себе. Гледам што издржуваат, дури и ја ризикуваат својата физичка состојба играјќи на секои три дена. Неизбежно е на крајот некој да се повреди. Се надевам дека нема. Оваа сезона беше нешто неверојатно; подобро е да се насмевнеме; тоа значи дека плаќаме за нешто што сме го направиле во минатото, - заклучи Италијанецот.








