Како батеријата на „iPhone“ да трае подолго со едноставни трикови

Точка

21/01/2026

18:54

391

Големина на фонт

а а а

Батеријата е вечна болка кај „iPhone“ уредите, особено откако ќе ги користите извесно време – затоа секој совет што може да ви зачува уште некој процент е драгоцен.

Со помош на овие пет совети за „iPhone“ ќе заштедите батерија на вашиот телефон. Ветуваме дека ништо не е комплицирано, а сепак може многу да ви значи.

Намалете ја осветленоста на екранот

Намалувањето на осветленоста е еден од најефикасните начини за заштеда на батерија кај „iPhone“ уредите. Современите телефони имаат исклучително светли екрани, што дополнително ја оптоварува батеријата.

Осветленоста можете брзо да ја намалите со отворање на „Control Center“, односно со повлекување на прстот надолу од горниот десен агол и поместување на лизгачот со иконата на сонце. Позадинското осветлување на екранот троши многу енергија, па пониската осветленост може значително да го продолжи траењето на батеријата, пренесува „Tech Radar“.


Исклучете ја автоматската осветленост („Auto-Brightness“)

Дали знаете дека „iPhone“ автоматски ја приспособува осветленоста во зависност од амбиенталното светло? Ова често доведува до поголема потрошувачка на батерија, особено на отворено.

Оваа опција можете да ја исклучите во менито „Settings“ > „Accessibility“ > „Display & Text Size“, каде што се наоѓа опцијата „Auto-Brightness“. Кога е исклучена, имате целосна контрола врз осветленоста и избегнувате непотребно зголемување на потрошувачката на батерија.


Користете „Low Power Mode“

„Low Power Mode“ ја намалува потрошувачката на енергија со тоа што го менува однесувањето на екранот и перформансите на системот. Овој режим автоматски се нуди кога батеријата ќе падне на 20%, 10% и 5%, но можете да го вклучите и рачно преку „Control Center“.

Покрај ограничувањето на перформансите, „Low Power Mode“ го затемнува екранот, го намалува влијанието на автоматската осветленост и го исклучува екранот по 30 секунди неактивност.


Скратете го времето на автоматско заклучување („Auto Lock“)

Можете дополнително да заштедите батерија ако го скратите времето по кое „iPhone“ автоматски се заклучува кога не се користи. Оваа опција се наоѓа во „Settings“ > „Display & Brightness“ > „Auto Lock“.

Пократкото време на заклучување спречува екранот да остане вклучен и непотребно да троши енергија.


Вклучете „Dark Mode“

„Dark Mode“ ја заменува светлата тема на системот со потемни бои во менијата и интерфејсот. Ова е особено корисно кај „iPhone“ телефоните со „OLED“ екрани, бидејќи „OLED“ не ги осветлува црните пиксели, што директно ја намалува потрошувачката на енергија.

„Dark Mode“ можете да го вклучите преку „Control Center“ или во „Settings“ > „Display & Brightness“, со избор на опцијата „Dark“ во делот „Appearance“.