Една девојка по неуспешен третман на трајна шминка за контурирање на носот завршила во паника бидејќи, како што вели, изгледала како Рудолф.
Викторија сакала само малку бронзер на врвот на носот, но естетичарката, очигледно, погрешно сфатила што бара, па наместо суптилна контура ѝ го обоила речиси целиот нос.
„Од мене направи Рудолф“
Во видеото на ТикТок, Викторија раскажа што се случило и призна дека веднаш добила напади на паника.
„Значи, отидов на трајно контурирање на носот. Знам, веќе ме гледате како да си го уништив лицето. Верувајте ми, имав напади на паника. Знам“, рече таа. „Ме сфати погрешно. Буквално ми го пребои носот и од мене направи Рудолф“.
Додаде дека денес веќе може да ѝ се насмее на ситуацијата, но во тој момент воопшто не ѝ било сеедно.
Се обидела да ја поправи работата со турпија за пети
Викторија потоа откри дека во паника посегнала по малку екстремно решение.
„Синоќа земав турпија за пети и ја ставив на носот. Не се шегувам… Сè уште се тресам“, рече таа, додавајќи дека бојата веќе значително избледела во споредба со претходната вечер. На своите следбеници им испрати и предупредување: „Ова ви е знак дека можеби никогаш не треба да одите на трајна шминка. Повеќето од вас се доволно паметни да не го направат тоа. Едноставно немојте“. Во описот на видеото додаде и: „Никогаш во животот не сум се чувствувала како поголем идиот“.

Реакции на мрежите: „Те молам, престани“
Нејзиното видео брзо предизвика лавина коментари (и смеа). Многумина беа шокирани и од идејата за трајна контура, и од тоа што проблемот се обидела да го реши со турпија.
„Во името на Бога, престани!“, напишал еден корисник, додека друг коментирал: „Не, немој да го триеш тоа!“.
Некој додал: „Трајната шминка ми изгледа како најлоша идеја. На почеток често изгледа чудно, а подоцна е уште полошо. А кога си млада, навистина не ти треба“. Викторија му одговорила: „Знам, за среќа избледува речиси 70 проценти“.








