Од почетокот на јануари 2026, на интернет кружи гласина дека Земјата ќе ја „изгуби гравитацијата“ на 7 секунди на 12 август 2026 година. Според овие тврдења, тоа ќе предизвика „40 милиони смртни случаи поради паѓања“ и други катастрофални последици, наведува порталот „Сноупс“ (Snopes).
Корисници на социјалните мрежи копирале и споделувале текст со ова спектакуларно тврдење, наведувајќи дека таен документ на американската вселенска агенција НАСА (National Aeronautics and Space Administration), наречен Проект Сидро (Project Anchor), наводно го открил овој космички настан и дека агенцијата подготвува посебни мерки.
На 31 декември 2025, корисник на Инстаграм со корисничко име @mr_danya_of, чиј профил станал недостапен на 6 или 7 јануари, споделил кратко видео од човек што молчешкум седи во автомобил. Текстот на видеото гласел:
„На 12 август 2026 светот ќе ја изгуби гравитацијата на 7,3 секунди. НАСА знае. Подготвуваат, но нема да ни кажат зошто.“
Описот на објавата додал:
An online rumor claims that a secret NASA document called "Project Anchor" says Earth will lose gravity for seven seconds on Aug. 12. That's completely false. ❌ pic.twitter.com/zNOLT3ioQV
— snopes.com (@snopes) January 17, 2026
„Во ноември 2024, таен документ на НАСА наречен Проект Сидро протекол на интернет. Буџетот на проектот е 89 милијарди долари, а целта е преживување на седумсекундната гравитациска аномалија што се очекува на 12 август 2026 година во 14:33 по универзално време (UTC).“ Објавата предвидувала „40 милиони смртни случаи поради паѓања“, „уништување на инфраструктурата“, „економски колапс кој ќе трае повеќе од 10 години“ и „масовна паника“.
Слични тврдења се појавиле на платформи како 4chan (4чан), Bluskaj (Блускај), Facebook (Фејсбук), Instagram (Инстаграм), Reddit (Редит), Threads (Тридс), TikTok (ТикТок) и X (Икс).
Според „Сноупс“, портал за проверка на факти, и на официјалниот сајт на НАСА се наведува дека на 12 август 2026 ќе има целосно затемнување на Сонцето, но гласината за Проект Сидро и „губење на гравитацијата“ е лажна.
Пребарувањата на интернет-пребарувачи како Bing (Бинг), DuckDuckGo (ДакДакГо), Google (Гугл) и Yahoo (Јаху), како и пребарувањата на социјални мрежи Facebook (Фејсбук) и X (Икс) не покажале никакви резултати за Проект „Sidro“ што наводно протекол во или по ноември 2024 година.
Преку електронска пошта, НАСА ја потврди неточноста на гласината:
„Земјата нема да ја изгуби гравитацијата на 12 август 2026. Гравитацијата на Земјата е одредена од нејзината маса. Единствениот начин Земјата да ја изгуби гравитацијата би бил целиот систем на Земјата – јадрото, мантијата, кората, океаните, копнените води и атмосферата – да ја изгуби масата. Целосното затемнување на Сонцето нема никакво необично влијание врз гравитацијата на Земјата. Гравитациското привлекување од Сонцето и Месечината, кое влијае на плимите, но не ја менува вкупната гравитација на Земјата, е добро истражено и може да се предвиди со децении однапред.“













