Нов сингл на Кирил Џајковски и TK Wonder

Точка

16/01/2026

13:02

225

Големина на фонт

а а а

Со огромно задоволство го најавуваме новиот материјал на најуспешниот македонски електронски изведувач Кирил Џајковски.

Неговиот нов албум “Memory Paradox” ќе излезе за неколку месеци под етикетата на издавачката куќа Filter Label и ќе содржи дел од дваесетината нови песни на кои Џајковски работеше со неговите соработници изминатите две години.


Како најава за новиот албум, од денеска на сите дигитални музички сервиси е достапен првиот сингл “Head High”. Песната претставува уникатен спој на хипхоп и драменбејс, а на неа Џајковски е придружуван од редовната соработничка и миленичка на македонската публика, TK Wonder. “Head High” е актуелна, ангажирана песна, која се занимава со универзални теми, како соочувањето со предрасудите, вербата во себе и борбата против нееднаквоста.


Иако досега не беше објавена, “Head High” за кратко време стана една од омилените песни на фестивалските настапи на Џајковски и е секогаш одлично прифатена од публиката. Токму поради тоа е избрана да биде прв сингл од албумот “Memory Paradox”.


Новиот сингл на Кирил Џајковски и TK Wonder, ”Head High”, може да се слушне и преземе од следниов линк: https://filterlabel.fanlink.tv/headhigh.