Димитријевиќ го заврши дуелот со ПАО во „нокдаун“, па доби комплименти од Атаман

Дерби

16/01/2026

10:55

146

Големина на фонт

а а а

Баерн Минхен со пожртвувана игра во текот на сите четириесет минути успеа да го победи Панатинаикос во рамките на Евролигата, со што новиот тим на нашиот Нено Димитријевиќ стигна до слатка победа против квалитетниот ривал во најквалитетното европско натпреварување.

Избраниците на Светислав Пешиќ издржаа и не се предаваа во моментите кога грчкиот состав диктираше темпо на паркетот, за во финишот најпрвин Димитријевиќ, а потоа и Обст да реализираат важни тројки со кои го префрлија моментумот на страната на германскиот состав.

Македонскиот репрезентативец погоди важна тројка и две слободни фрлања во последните пет минути, за на крајот да обезбеди и еден важен дефанзивен скок на 1:33 минути до крајот, по што доживеа незгоден пад на паркетот и удар во главата и не можеше да го доигра натпреварот.

Обст се погрижи да нема драма за Баерн, а по натпреварот, противничкиот тренер Ергин Атаман истакнал дека играта на тројца кошаркари го одлучила натпреварот.

– Во последниот период не погодивме ништо, а на другата страна Димитријевиќ, Џесап и Обст се разиграа и погодија важни шутеви, што се покажа како решавачко за победата, – рекол Атаман.

Покрај Димитријевиќ, повреда на главата заработи и Стефан Јовиќ, но во Баерн се надеваат дека наскоро ќе потврдат дека двајцата кошаркари избегнале посериозен проблем.