Спектакуларно забивање: Блек преку четири противнички играчи за НБА атракција во Берлин

Дерби

16/01/2026

11:43

154

Големина на фонт

а а а

Кошаркарските фанови во Берлин вчера можеа да проследат атрактивно НБА соочување меѓу Орландо и Мемфис, а ова европско гостување на двете екипи заврши со победа на Меџик со резултат 118:111.

НБА натпреварот имаше посебно значење за домашните фанови и поради фактот што германскиот репрезентативец Франц Вагнер се врати во составот на Орландо по долгата пауза поради повреда и учествуваше со 18 поени и 9 скокови во победата на неговиот тим.

Банкеро со 26 поени беше најефикасен во Берлин, додека Џексон со 30 поени се истакна кај поразениот Мемфис.

Сепак, моментот кој стана вирален од овој натпревар е спектакуларното забивање на Ентони Блек преку четворица противнички играчи, потег кој е еден од најатрактивните во досегашниот дел од НБА сезоната.