Вардар го продолжи договорот со талентираниот Стојановски

Дерби

16/01/2026

12:26

128

Големина на фонт

а а а

Марио Стојановски е еден од ракометарите на РК Вардар кои преку младинската академија стигна до сениорскиот тим, а клубот ја потврди довербата во левото крило со продолжување на соработката за уште две сезони.

Македонскиот ракометен клуб денеска официјално го потврди Стојановски за наредните години, потенцирајќи дека самиот играч се наметнал кај стручниот штаб со својот квалитет и потенцијалот кој го поседува.

– Вардар продолжува со јасната стратегија за стабилност и континуитет, откако е постигнат договор за продолжување на соработката со левото крило Марио Стојановски. Тој ќе остане во дресот на „црвено-црните“ и во следните две сезони.

– Стојановски е играч израснат во вардаровата школа и важи за еден од ракометарите кои постепено и сигурно го градеа својот пат до сениорскиот тим. Во изминатиот период тој се наметна како опција на позицијата лево крило на кого може да му се верува. Неговиот напредок беше препознаен и од стручниот штаб, кој му доделуваше се поголема минутажа.

– Паралелно со клупските обврски, тој има и репрезентативно искуство со младите селекции на Македонија, што дополнително ја потврдува неговата перспектива. Клубот и во наредниот период ќе смета на неговата енергија, посветеност и желба за напредок, со јасна цел за заеднички успеси во иднина, – стои во соопштението на РК Вардар.