Милан вчера направи пресврт и го победи незгодниот Комо, а еден од клучните моменти беше пеналот кој гостите го добија пред крајот на полувремето.
Нкунку беше реализатор на ударот од белата точка, но дури откако „росонерите“ ја решија дилемата кој ќе го изведува пеналот, бидејќи Рафаел Леао сакаше да ја преземе одговорноста, а тренерот Макс Алегри имал поинаков став.
– Точно е дека Леао сакаше да го изведе пеналот, но во моментот јас чувствував дека Нкунку треба да шутира.
– Притисокот од навивачите кои го исвиркуваа беше голем, се плашев и од промашување, но ми олесна кога видов дека сите на клупата се радуваат, – открил Алегри.
– Имавме среќа да израмниме од пеналот, но во второто полувреме работите на теренот се променија. Не е лесно да се игра против Комо, Мењан не одржуваше во игра кога најмногу требаше, а потоа успеавме да ги искористиме шансите, – рекол Алегри.








