Била „лута на Бога“ и живее со тага што никогаш нема да исчезне: Оскаровката 55-тиот роденден сепак го пречекала со насмевка на лицето

Точка

16/01/2026

09:46

468

Големина на фонт

а а а

Актерката Реџина Кинг е една од најпознатите холивудски актерки, но успева да ја чува својата приватност далеку од камерите и таблоидите и води мирен, повлечен живот.

Тоа ѝ е особено важно во изминатите години, кои се обележани со жалост, тага и постојано враќање на спомените, откако нејзиниот син си го одзел животот во 2022 година.

Родена да биде ѕвезда

Реџина Кинг која вчера го прослави 55-тиот роденден родена е во Лос Анџелес на 15 јануари 1971 година. Пораснала во големо семејство кое се преселило во Калифорнија од северот на САД за време на Големата миграција во 20 век, а познато е дека нејзините предци кои стигнале на американска почва како робови потекнувале од денешна Либерија, Сенегал и Сиера Леоне.


Уште како дете посетувала часови по џез и балет и запишала актерско училиште, па било јасно дека ќе се занимава со сценски уметности, меѓутоа накратко студирала и комуникации.

Сепак кон средината на осумдесеттите решила да ја проба среќата во актерството, а по аудицијата во 1985 година добила улога во ТВ серијата „227“, во која глумела сè до нејзиниот крај во 1990 година. За оваа улога Кинг добила неколку награди и номинации, меѓу кои се истакнале оние за нова, млада надеж и ѕвезда во подем, а потоа се појавила и во филмовите „Boys n the Hood“, „Poetic Justice“, „Friday“.


Иако до тој момент веќе била искусна актерка, светската слава ѝ ја донела улогата во романтичната комедија „Jerry Maguire“ (1996), а потоа се појавила и во филмот „Enemy of the State“ и бројни други хитови.

Во текот на повеќе децениската кариера Кинг добила бројни признанија и награди, а секако најважната е Оскарот кој го освои во 2019 година за улогата во филмот „If Beale Street Could Talk“.


Синот ѝ бил најдобар пријател и гордост

Кога станува збор за нејзиниот приватен живот актерката зад себе има еден брак со Иан Александер, со кого била во брак од 1997 до 2007 година. За време на нивната љубов тој главно не се експонирал во јавноста, но се појавувал во ТВ серии како „Masters of Horror“ и „The Chris Isaak Show“.


Заедно го добиле синот Иан Александер Помладиот кој станал познат диџеј и музичар, а секогаш имал добар однос со мајка му.


„Луѓето обично ме прашуваат: „Како е тоа кога Реџина Кинг ти е мајка?“ и искрено таа е супермајка. Таа не дозволува лошиот ден на работа или што било друго да го расипе времето што го поминуваме заедно и навистина е фантастично да се има таква мајка. Уживам во времето што го поминувам со неа“, изјавил Александер Помладиот за „E!“ во 2019 година. Тој честопати ја придружувал мајка му на црвениот килим, а актерката истакнувала колку се гордеела со него.

Смртта на синот засекогаш ја променила

Обожавателите на Реџина на 21 јануари 2022 година ги шокираше веста дека нејзиниот син Иан бил пронајден мртов, само два дена по 26-тиот роденден, како и тоа дека си го одзел животот.

Семејството издаде официјално соопштение за медиумите, а актерката еден период се повлече од јавноста за да пронајде сила да продолжи понатаму.


Како што истакнала во првото интервју по враќањето на работа, таа повеќе не е личноста која била пред да го загуби синот.

„Жалоста е патување. Го разбирам тоа. Жалоста е љубов која нема каде да отиде. И сите ние различно се справуваме со тоа. Знам дека за мене е важно да му оддадам почит на Иан, на тоа кој беше тој, да зборувам за него во сегашно време бидејќи тој е секогаш тука со мене, како и радоста и среќата што на сите нѝ ја пружаше“ истакнала актерката.

Исто така објаснила дека не може да седи и да се прашува зошто нејзиниот син донел таква одлука.


„Кога се работи за депресијата, луѓето очекуваат таа да изгледа на одреден начин – очекуваат да изгледа тешко. Морам ова да го доживеам и не можам да поминувам време размислувајќи за изборот на Иан, кој го почитувам и разбирам… Тој повеќе не сакаше да биде овде, а на другите им е тешко да го прифатат тоа бидејќи не поминале низ нашето искуство, не го живееле патот на Иан“, раскажала актерката и додала дека во еден момент „била толку лута на Бога“.

„Зошто на Иан му беше даден целиот овој товар? Од сите работи низ кои поминавме – терапија, психијатри, програми… Иан рече: „Изморен сум од зборување, мамо“, раскажала добитничката на Оскар.

Таа истакнала дека понекогаш се чувствува виновна.

„Кога родител ќе изгуби дете, се прашува: „Што можев да направам за да спречам ова да се случи?“ Знам дека ја споделувам таа тага со другите, но никој друг не е мајка на Иан, знаете? Само јас. Значи, тоа е мое. И тагата никогаш нема да исчезне. Секогаш ќе биде со мене“ заклучила актерката.


Неодамна, во чест на својот син, Реџина лансирала бренд за вино наречен „MianU“. Како што објаснила, тој бил првиот што ѝ „открил“ вино од портокал, а целата приказна за овој бренд била инспирирана од Иан, неговата „љубов кон уметноста, вкусовите и луѓето околу него“.

Инаку по разводот од Иан Александер Постариот, актерката била во двегодишна врска со актерот Малколм Џамал Ворнер, кој почина во 2025 година.