Флик за потегот на Реал: Работата на тренерот е многу комплицирана…

Дерби

15/01/2026

09:56

233

Големина на фонт

а а а

Барселона ќе се соочи со Расинг Сантандер во осминафиналето на Копа Дел Реј, меч на кој ќе го имаат статусот на фаворити, но ќе треба да бидат внимателни затоа што се соочуваат со состав кој е на врвот во втората лига.

Многу е веројатно тренерот Ханси Флик и да ги измеша картите за ова соочување со оглед на напорниот распоред и предизвиците кои следат, ама во исто време ќе треба да биде претпазлив да не му се случи тоа што му се случи на Реал Мадрид против Албасете.

Реал загуби со 3-2 и доживеа елиминација од ова натпреварување во првиот меч на клупата на Алваро Арбелоа, човекот кој доби шанса да го наследи Чаби Алонсо кој пак заработи отказ по поразот од Барса во финалето на Супер Купот во Џеда.

- Не е моја работа. Имам многу добар однос со Чаби. Се сретнавме во Леверкузен и останавме во контакт. Тој е фантастичен тренер. Му посакувам се најдобро во неговиот следен голем проект. Се најдобро за него, - истакна Флик коментирајќи ја големата промена кај лутиот ривал.

- Ова е дел од фудбалот. Клубот мора да верува во тебе, а истото го прави и тимот. Оние кои ги носат одлуките мора да го прават тоа. Но, тоа не е моја работа, не сакам да зборувам за тоа, бидејќи работата на тренерот е многу комплицирана, имаме многу одговорности, - додаде Германецот.