Барселона без клучен играч на гостувањето кај Реал Сосиедад

Дерби

18/01/2026

12:29

308

Големина на фонт

а а а

Реал Сосиедад е денешниот противник на Барселона во Ла Лига, а актуелниот шпански шампион мора да ги освои бодовите на ова гостување ако сака да ја задржи предноста во однос на Реал Мадрид.

Тренерот Ханси Флик уште вчера на прес-конференцијата најавил дека Рафиња е неизвесен за настап на „Аноета“, а Барселона утринава потврди дека Бразилецот дефинитивно нема да настапи на овој натпревар.

– Рафиња заработи незгоден удар и решивме да го пропушти последниот тренинг. Не знам дали ќе биде во комбинација за дуелот со Сосиедад, – рекол вчера Флик, фактички најавувајќи ја денешната одлука.

Барселона официјално го потврди отсуството на Бразилецот како превентивна мерка за да се спречи поголем проблем.

Каталонскиот тим го потврди составот за денешниот дуел и во него го нема Рафиња, додека Френки де Јонг се враќа по издржувањето на суспензијата за црвениот картон на Суперкуп дуелот со Реал Мадрид.