Трејлерот за долгоочекуваната трета сезона на хит-серијата „Euphoria“ беше објавен денес, а премиерата на новата сезона на „HBO“ и „HBO Max“ е закажана за 12-ти април.
Главните членови на актерската екипа: Зендаја, Сидни Свини, Хантер Шафер, Џејкоб Елoрди, Ерик Дејн, Алекса Деми, Мод Апатоу, Марта Кели, Клои Чери, Колман Доминго и Доминик Фајк се враќаат во третата сезона.
Поранешните членови на актерската екипа – Барби Фереира, Сторм Рид, Џејвон Вона Волтон и Остин Абрамс нема да се вратат во новата сезона. Ангус Клауд, кој се прослави со улогата на Фезко, почина на 25-годишна возраст во јули 2023 година.
Втората сезона заврши со театарската претстава на Лекси (Мод Апатоу), инспирирана од животите на нејзините таканаречени пријатели и соученици, со Нејт (Џејкоб Елoрди) кој го апси својот татко Кал (Ерик Дејн) откако пронајде USB-стик со негови нелегални сексуални средби, како и со Џулс (Хантер Шафер) и Ру (Зендаја), кои навидум ја обновуваат својата романса, додека Ру останува трезна.

Новата сезона продолжува пет години подоцна. Кеси и Нејт се венчаваат и живеат во предградие, Ру живее во Мексико и го отплаќа долгот кон дилерот на дрога Лори. Џулс оди во уметничко училиште, а Меди работи во агенција за таленти во Холивуд.
Меѓу новите актери во сезоната се: Шерон Стоун, Росалија, Триша Пејтас, Наташа Лион, Даниел Дедвајлер, Илај Рот, Маршон Линч, Адевале Акинуаје-Агбаџе, Тоби Волас, Дарел Брит-Гибсон, Кадим Хардисон, Асанте Блек, Бела Подарас, Бил Боднер, Хемки Мадера, Хомер Гер, Џесика Блер Херман, Медисон Томпсон, Метју Вилиг, Ребека Пиџон и Сем Тремел.








