Нуркањето тргнало наопаку: Ајкула ја зграпчила девојката за нога и дивјачки ѝ ги зарила забите, камерата снимила сè

Точка

13/01/2026

16:01

595

Големина на фонт

а а а

Драматичната сцена е забележана во Бразил, а во центарот на вниманието е туристката Тајана Далазан (36), која била нападната од ајкула од видот "Ginglymostoma cirratum".

За време на нуркањето, како што открива снимката, девојката се наоѓала во близина на повеќе морски предатори, по што една од ајкулите се залетала кон неа и ја каснала за ногата.

Водичот го удрил предаторот

Ајкулата ја повлекла девојката, додека таа панично се борела и се обидувала да се ослободи. Туристичкиот водич потоа го удрил предаторот и го принудил да се повлече.

По нападот, Тајана ги опишала моментите на ужас. Вели дека чувствувала како ајкулата ја тресе главата додека ја држела за ногата, пренесува „Daily Mail“.

Таа нуркала заедно со две пријателки и во друштво на водич. Откако излегла од водата, пријателката – инаку дерматолог – ѝ ја исчистила раната, по што била пренесена во болница.

Надлежните отворија истрага

Објавените фотографии покажуваат бројни рани на ногата, но Тајана ги смирила пријателите и семејството, наведувајќи дека се чувствува добро. Додава дека ќе ѝ остане лузна, но дека нема проблем со тоа.

Инцидентот се случил на локација која еколозите претходно ја означиле како „ризична“, поради нерегуларно хранење на морските суштества. Тие предупредиле дека ваквите практики можат да доведат до промена во однесувањето на ајкулите.

Надлежните институции поведоа истрага и истакнаа дека хранењето на морските суштества е строго забрането во рамки на заштитеното подрачје, како и дека несоодветната интеракција со морскиот свет може значително да го зголеми ризикот од напади.