Кајли Џенер често делува како да не припаѓа на доделувањата на наградите на кои е придружба на своето момче Тимоти Шаламе, иако секогаш е на висина на модната задача.
Неретко изгледа како на старлетата, бизнисменка и ријалити ѕвезда да ѝ е непријатно, како да е осамена и како колегите на нејзиниот партнер да не ѝ посветуваат доволно внимание или дури ни почит, а така било и на неодамнешното доделување на Златните глобуси.

Кајли носела феноменален фустан од брендот „Ashi Studio“, во духот на стариот Холивуд, и со гордост го следела говорот на Шаламе откако ја освоил наградата за најдобар актер, а не разговарала многу со луѓето со кои седеле на иста маса.
Меѓутоа една година откако имала сличен непријатен момент со Деми Мур, сега на неодамнешното доделување на Златните глобуси повторно ѝ се случило нешто слично. Имено Џенер била многу директно изигнорирана, кога актерката Одеса Азион, која игра со Тимоти Шаламе во филмот „Marty Supreme“, се доближила до Шаламе и се наведнала за тој нешто да ѝ каже.
Џенер, од друга страна, ја подала раката и тргнала да ја бакне актерката, но Одеса само ѝ кажала нешто и се свртела, по што Шаламе ја спуштил главата.
Сепак, Кајли продолжила да седи достоинствено, како ништо да не се случило.
Така било и минатата година, кога Деми Мур била срдечна со сите на масата, додека истовремено се однесувала како воопшто да не ја гледа Кајли.
Иако нивната врска, која трае веќе три години, често е мета на негативни коментари, а Кајли честопати добива пораки дека не е соодветен избор за ѕвезда од калибарот на Шаламе, парот делува повљубено од кога било.
Не само што таа веќе извесно време го придружува актерот на свеченостите, туку тој почнал да ја споменува и во говорите, па така својот Златен глобус меѓу другите го посветил и на неа.

„За моите родители, за мојата партнерка. Ве сакам!“ порачал Тимоти.











