Вејн Руни од стартот на сезоанта се претвори во стручен аналитичар за „Би-Би-Си“, а сега преку последното обраќање кое го имаше во поткастот кој се водеше во живо, најдобриот голгетер во историјата на Манчестер Јунајтед му се понуди на човекот кој е избран за наследник на Рубен Аморим.
Како што пренесоа голем дел од угледните британски медиуми, Мајкл Керик во текот на денешниот ден треба да биде претставен како менаџер на тимот до крајот на сезоната, но до овој момент, не е познато кои луѓе ќе бидат дел од неговиот стручен штаб.
Керик веќе имаше една епизода како привремен менаџер на Јунајтед, но тогаш тоа беше далеку пократко, но сега ќе има најмалку пет месеци да покаже дали поседува потенцијал да биде и долгорочно решение.
Вејн Руни е задоволен од изборот кој го прави неговиот омилен клуб, но исто така, реши да му се понуди на Керик во ситуација ако му е потребна „десна рака“.
– Секако дека би се вратил во Јунајтед ако добијам повик од Керик, за такво нешто не би размислувал ниту секудна. Не молам за работа со оваа изјава, сакам само да кажам дека секогаш му стојам на располагање на клубот. Ако ме прашаат дали можам да дојдам, веднаш ќе го направам тоа. Именувањето на менаџерот е најважна работа во оваа фаза од сезоната, – порача Руни.








