Флорентино со вирална порака за играч на Барселона за време на доделувањето на медалите: Копиле…

Дерби

13/01/2026

14:26

565

Големина на фонт

а а а

Флорентино Перез се најде во центарот на вниманието поради одлуката да „му удри клоца“ на Чаби Алонсо по „Ел Класико“ поразот во финалето во Џеда, тема која брзо прерасна во вест број еден во светската спортска јавност.

Во моментите кога се уште се извлекуваа впечатоци од понуденото на двата тима во Саудиска Арабија, првиот човек на Реал реши да ја заврши епизодата со Алонсо, но во меѓувреме, стана вирален хит и поради едно видео кое го објави „Мовистар плус“.

Перез реагираше како голем џентлмен и експресно му честиташе на Жоан Лапорта за новиот успех и освоената титула во Суперкупот, но специјализираната емисија „Ден подоцна“ открива дека имал и специјална порака за Роберт Левандовски.

Полјакот продолжи со својата серија голови во дуелите против големиот шпански ривал, па Флорентино решил срдечно и шеговито да го поздрави напаѓачот на Барса со еден збор.

– Копиле…