„Како да ми го истргнаа срцето од градите“: Синот на славниот фудбалер се избори со тешка болест, спортистот откри потресни детали: „Не се сеќавам на патот до болницата“

Точка

12/01/2026

18:21

1.908

Големина на фонт

а а а

Златан Ибрахимовиќ сподели емотивни моменти од својот приватен живот, покажувајќи го човечкото лице зад блескавата спортска кариера.

Синот на Златан Ибрахимовиќ како бебе бил тешко болен, а најтешките животни мигови фудбалерот ги откри во книгата „Јас сум Златан Ибрахимовиќ“.

„Сè беше ново со Макси, и забележавме дека многу повраќа. Освен тоа, не добиваше на тежина, туку слабееше. Не знаевме зошто. Дали е тоа нормално? Повраќаше постојано, не ја знаевме причината, ниту дали е тоа нормално. Го повикав семејството, пријателите и сите ме тешеа дека не е ништо страшно, но јас не верував. Се обидував да се утешам себеси“, откри Ибрахимовиќ, опишувајќи како тој и сопругата Хелена, набргу по раѓањето на синот, се соочиле со сознанието дека бебето е болно.


„Целото тело ми беше во грч. Никогаш не сум се чувствувал вака, ни приближно. Додека не добив дете бев господин недопирлив. Можев да бидам лут и бесен, можев да ги покажувам сите можни емоции. И сè можеше да се реши ако си цврст и истраен, но ова не беше ни слично на тоа. Тука бев немоќен, едноставно ништо не можев да направам. Макси од ден на ден беше сè послаб, беше толку мал и веќе навистина се гледаше дека е кожа и коски. Изгледаше како животот да сака да го напушти.


Синот на Златан Ибрахимовиќ морал итно на операција

Во моментот кога дознал дека синот мора итно на операција на желудник, Златан се подготвувал за важен натпревар.

„Не се сеќавам на патот до болницата. Се сеќавам само на болничките ходници и мирисот. Трчав и прашував само каде е, каде е, а на крај ме одведоа до голема сала каде што Макси лежеше во инкубатор. Беше помал од кога било, како мала птичка. Имаше цевки низ телото и носот. Како да ми го истргнаа срцето од градите. Ве сакам двајцата. Вие сте ми сè. Но ова не можам да го издржам. Јави ми се за сè што ќе треба - ѝ реков на Хелена и избегав од таму“.


Операцијата, за среќа, била успешна. Макси и денес има лузна, но се чувствува здраво како и сите деца на неговата возраст, а јас често се навраќам на тој настан. Тоа ми дава поинаков поглед на животот, искрено – заклучи фудбалската ѕвезда, која подоцна доби уште еден син, Винсент.

Потсетуваме, Максимилијан Ибрахимовиќ денеска има 19 години, се занимава со фудбал, а неодамна премина од ФК Милан во ФК Ајакс.