Чаби Алонсо од вчера е екс-тренер на Реал Мадрид, сето тоа како резултат на одлуката која ја донел Флорентино Перез заедно со своите соработници по „Ел Класико“ поразот од Барселона.
Во прв момент не се даде никаков впечаток дека Чаби ги брои последните часови како предводник на Реал, па иако воопшто не планирал да поднесе оставка, решил да го прифати барањето за предвремена разделба од Перез откако добил повик од претседателот.
Реал веќе го именуваше Алваро Арабелоа и поранешниот дефанзивец го одработи првиот тренинг, но во исто време, пристигна и првата порака на Алонсо како поранешен тренер на „кралевите“.
Чаби се одјави во свој елегантен и џентлменски стил, покажувајќи дека е голем професионалец и во моменти кога сигурно не е најзадоволен.
– Завршува оваа професионална етапа која за жал не излезе онака како што сакавме. Тренирањето на Реал Мадрид беше голема чест и голема одговорност за мене.
– Му благодарам на клубот, на играчите и пред се на навивачите на Реал за неизмерната поддршка и доверба. Си заминувам со почит, благодарност и гордост дека се обидов да го дадам најдоброто од себе, – порача Чаби.








